• петок, 05 декември 2025

Хавана без струја, кубанската електроенергетска мрежа повторно во колапс

Хавана без струја, кубанската електроенергетска мрежа повторно  во колапс

Хавана, 3 декември 2025 (МИА) - Кубанската електроенергетска мрежа е делумно во колапс денеска, а главниот град Хавана и поголемиот дел од западниот дел на земјата се без струја.

Не е јасно што го предизвикало прекинот на мрежата.

Во Хавана, само болниците и некои хотели имаа електрична енергија утрово.

Кубанските електрани на нафта, веќе застарени, доживеаја целосна криза минатата година, бидејќи се намали увозот на нафта од Венецуела, Русија и Мексико.

Кубанската електрична мрежа се распадна неколку пати од тогаш.

Многу жители на оваа земја се соочуваат со прекини на електричната енергија што траат 20 часа или повеќе секој ден.

Дури и жителите на Хавана, некогаш заштитени од најлошите прекини, сега редовно поминуваат 10 часа или повеќе дневно без електрична енергија. мс/ми/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан