Хабек: Трошоците за повторно вооружување на ЕУ и тие поврзани со инвестициите во инфраструктурата треба да се дискутираат посебно
- Секоја одлука за финансирање на повторното вооружување на ЕУ, вклучително и поддршка за Украина, мора да се дискутира одвоено од плановите за зголемување на инвестициите во инфраструктурата, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Франкфурт, 12 март 2025 (МИА) - Секоја одлука за финансирање на повторното вооружување на ЕУ, вклучително и поддршка за Украина, мора да се дискутира одвоено од плановите за зголемување на инвестициите во инфраструктурата, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.
„Инвестициите во одбранбените способности (на ЕУ) и поддршката за Украина се итно потребни, бидејќи времето притиска (...) Фактот дека нашата инфраструктура е во лоша состојба е познат веќе 15 години“, објави тој на брифинг.
Хабек го изрази ова мислење во врска со планот на претседателката на Европската комисиија, Урсула фон дер Лајен, кој предвидува повторно вооружување на ЕУ, што би можело да мобилизира 800 милијарди евра во следните пет години, од кои 150 милијарди евра обезбедени преку заеми на земјите-членки.
Според тој план, државите од ЕУ ќе бидат ослободени од барањата за буџетско трошење кога инвестираат во одбраната. Предвидено е земјите да имаат слобода да ги пренасочат средствата од кохезионите фондови на ЕУ за да ги користат за одбранбени цели. рп/
Фото: ЕПА