• недела, 22 декември 2024

„Хаарец“: Дејвид Сатерфилд назначен за специјален пратеник на Бајден за справување со хуманитарните прашања во Газа

„Хаарец“:  Дејвид Сатерфилд назначен за специјален пратеник на Бајден за справување со хуманитарните прашања во Газа

Вашингтон, 15 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот американски дипломат, со долгогодишно искуство на Блискиот Исток, Дејвид Сатерфилд (68), утре ќе пристигне на Блискиот Исток за да ги води американските напори за координирање на испораката на хуманитарна помош за Газа преку граничниот премин Рафа од Египет.

Сатерфилд ја доби титулата специјален пратеник на САД за хуманитарни прашања на Блискиот Исток, соопшти израелскиот весник „Хаарец“.

-Дипломатското искуство на амбасадорот Сатерфилд и децениската работа во решавањето на некои од најпредизвикувачките конфликти ќе бидат критични во нашите континуирани напори за решавање на хуманитарните прашања во регионот, што е врвен приоритет на претседателот Бајден, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Саливан додаде дека ова вклучува напори да се достави хуманитарна помош до палестинскиот народ што е можно поскоро, особено во Газа, во координација со Обединетите нации, Египет, Јордан, Израел и други регионални чинители. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан