• петок, 22 ноември 2024

Ф4 во СЕХА-лигата повторно во Задар

Ф4 во СЕХА-лигата повторно во Задар
Задар, 5 јули 2021 (МИА) – Хрватскиот приморски град Задар ќе биде домаќин на завршниот турнир од Регионалната ракометна СЕХА-лига за сезоната 2020/21. - И покрај тоа што остануваат уште неколку натпревари пред завршниот турнир во СЕХА - Газпром Лига, ние сме горди што го објавивме датумот и времето на финалето на оваа сезона. Ќе се игра од 3 до 5 септември во Задар, Хрватска.Северна Далмација е нашиот дом на Фајнл 4 втора година по ред и не очекуваме ништо помалку од истата возбуда како и минатата година. Затоа, еден од најмодерните спортски центри во Хрватска, „СЦ Вишњик“, ќе биде домаќин на четири од најдобрите тимови кои ќе успеат да ги надминат сите пречки, објавено е на официјалната веб-страница на СЕХА. Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок (3-ти септември), додека два натпревари за пласман ќе се одржат во недела (5-ти септември). Осум екипи ќе се обидат да изборат учество на Ф4 турнирот, меѓу кои и македонските претставници, Еурофарм Пелистер и Вардар. Тука се уште и: Мешков Брест, Мотор Запорожје, Нексе, ППД Загреб, Татран Прешов и Веспрем. Целиот турнир ќе се спроведе следејќи ги упатствата за пандемија. зс/

Тагови

Остани поврзан