• понеделник, 20 мај 2024

Ф1: Албон следната сезона возач на Вилијамс

Ф1: Албон следната сезона возач на Вилијамс
Лондон, 9 септември 2021 (МИА) – Тајланѓанецот Алекс Албон следната сезона ќе се врати во Формула 1 како возач на екипата на Вилијамс, соопшти британскиот тим. Албон во Вилијамс ќе го замени Џорџ Расел, кој претходно неделава потпиша за Мерцедес, а клупски колега ќе му биде Николас Латифи. Дваесетипетгодишниот Албон во текот на 2019 и 2020 година собра 38 настапи во трките на Формула 1 за екипите на Торо Росо и Астон Мартин, забележувајќи две трети места. Во 2019 година заврши како осмопласиран во генералниот пласман, а следната година заврши на седмото место. Оваа година Албон е тест возач на Ред Бул. ег/паг/

Остани поврзан