• понеделник, 01 јули 2024

Фјури: Ќе го уништам Усик за седум рунди

Фјури: Ќе го уништам Усик за седум рунди

Ријад, 5 март 2024 (МИА) - Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-0) истакна дека не е импресиониран од настапот на шампионот во ВБА, ИБФ и ВБО, Александар Усик (21-0).

- Имаше само пет борби во тешка категорија и да бидам искрен не бев импресиониран. Усик го прави тоа што треба, победува и добива плата. Ја работи својата работа и си оди дома. Дали е доволно добар за да ме победи? Не мислам така, но нека му е со среќа. Ако успее, ќе му подадам рака. Моето предвидување за борбата? Ќе го уништам во рок од седум рунди, изјави Фјури за „Стомпинг граунд“.

Тајсон Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради расекотина над десното око што ја доби претставникот на Островот за време на спаринг.

Двајцата борци се договорија за нов датум, местото на борбата останува исто - „Кингдом Арена“ во Ријад, Саудиска Арабија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан