• понеделник, 01 јули 2024

Фјури има рок до 26 август писмено да потврди дека се пензионирал

Фјури има рок до 26 август писмено да потврди дека се пензионирал
Лондон, 14 август 2022 (МИА) - Претседателот на ВБЦ (Светскиот боксерски совет) Маурицио Сулејман соопшти дека асоцијацијата му дала на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури 10 дена писмено да го потврди својот крај на кариерата. - Разговаравме со неговиот промотор. На Фјури му дадовме 10 дена. До 26 август мора да ни испрати писмена потврда за својата конечна одлука. Дури потоа можеме да почнеме да го решаваме прашањето за шампионскиот појас, изјави Сулејман во интервју за „Изкиердазо“. Фјури во последната борба го нокаутираше Дилијан Вајт (28-3) во шестата рунда. Борбата се одржа на 24 април во Лондон, Велика Британија. После тоа Британецот објави крај на кариерата како борец. Фјури во текот на својата кариера има 32 победи и еден нерешен резултат. зс/

Остани поврзан