• четврток, 04 декември 2025

ФФМ организира фан зона во Гент

ФФМ организира фан зона во Гент

Скопје, 7.октомври 2025 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи дека пред натпреварот Белгија – Македонија ќе биде организирана официјална фан-зона за македонските навивачи. Фан зоната ќе биде во Коренмаркт, Гент од 11 до 18 часот на 10.октомври во петок. 

Фан-зоната ќе биде место на собирање, дружење и заедничка поддршка за репрезентацијата пред почетокот на натпреварот. ФФМ обезбедува бесплатен организиран превоз за сите навивачи од фан-зоната на Коренмаркт до стадионот и назад. Фан зоната се организира за поголема македонска поддршка и за создавање вистинска навивачка атмосфера во Гент.   мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан