• понеделник, 23 декември 2024

ФФМ организираше семинар за фудбалски судијки

ФФМ организираше семинар за фудбалски судијки
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - Дваесетина фудбалски судијки од државава беа дел од семинарот за женски фудбалски судии во организација на Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија кој се одржа денеска, а на кој еден од предавачите беше членот на Судскиот одбор на УЕФА и одговорна за женските судиии во Европа, Дагмар Дамкова. На семинарот што се одржа во Хотел Хилтон судијките имаа можност да проследат теоретски предавања за фудбалска игра како и многу примери од терен. Дамкова го сподели своето искуство од Европското првенство за жени кое се одржа во јули во Англија и презентираше неколку видеа по однос на измените во правилото Офсајд. Таа им порача на судијките дека секогаш има шанси и можности. - Се надевам дека овој семинар ќе им покаже на судијките дека секогаш има шанси и можности, дури и за малите земји, да достигнат нешто. Се надевам дека ќе ги отвори нивните очи, ќе ги мотивира да започнат повеќе да работат и да бидат подготвени да постигнат нешто, изјави таа за МИА. Според неа, важно е да сонуваш, да имаш идол, да веруваш во себе, да си сигурен дека можеш да постигнеш нешто, бидејќи, како што рече, „ако не веруваш, губиш“. - Бидете горди со себе си, верувајте во себе и работете напорно, порача таа. Ивана Пројковска, најдобрата македонска судијка, која, исто така, беше дел од овогодинешното женско ЕВРО за МИА изјави дека се надева дека овој семинар беше поучен за сите. - Се надевам дека сите судии, а особено младите, научија нешто на овој семинар, го повторија она што го знаат и дека сето ова ќе придонесе за уште поголем квалитет на женските судии и ќе даде можност за се зголеми квалитетот на женското судење и со тоа и да напредуваме сите во кариерите, рече таа. Во Северна Македонија има дваесетина фудбалски судијки од кои пет се со интернационална категорија. ар/нд/          

Остани поврзан