• вторник, 05 ноември 2024

ФФМ: Билети за дуелот Македонија – Украина во продажба од понеделник

ФФМ: Билети за дуелот Македонија – Украина во продажба од понеделник

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) – Билетите за вториот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина ќе бидат пуштени во продажба в понеделник, објави попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

Навивачите ќе можат да купат влезници на билетарата на Арената како и преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство.

Едно лице може да купи најмногу четири влезници, а билети ќе бидат задолжителни и за деца независно од нивната возраст. ег/ар/

Фото: ФФМ

Остани поврзан