Фулам потпиша со Вилијан
- Бразилскиот фудбалер Вилијан стана играч на Фулам, објави прес-службата на англискиот клуб.

Лондон, 6 февруари 2025 (МИА) – Бразилскиот фудбалер Вилијан стана играч на Фулам, објави прес-службата на англискиот клуб.
Вилијан, кој дојде во клубот како слободен играч, потпиша договор со тимот до крајот на сезоната.
Последен клуб на 36-годишниот Бразилец беше Олимпијакос, кој го напушти минатиот месец.
Оваа сезона фудбалерот одигра 11 натпревари и забележа една асистенција.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 1 милион евра.
Вилијан претходно играше за повеќе клубови од кои најзвучни се премиерлигашите Челзи и Арсенал. зс/
Фото: ЕПА