• недела, 22 декември 2024

Фудбалската федерација на БиХ се подели по национална основа околу изборот на нов селектор

Фудбалската федерација на БиХ се подели по национална основа околу изборот на нов селектор
Сараево, 4 јануари 2021 (МИА) – Изборот на нов селектор на Босна и Херцеговина (БиХ) што беше најавен за денеска, пропадна поради жестоки поделби на национална основа меѓу членовите на Извршниот одбор на локалната фудбалска федерација (НС/ФС БиХ). Локалните медиуми јавија вечерва дека членовите на Извршниот одбор на НС/ФС БиХ се поделиле околу двајцата кандидати, бугарскиот тренер Ивајло Петев и поранешниот босански репрезентативец Сергеј Барбарез. Според истите извори, Петев ја има поддршката на српските и хрватските членови, додека Барбарез е прв избор на бошњачките членови на Извршниот одбор. Терминот кога ќе продолжи прекината седница ќе биде дополнително утврден, а според процените на локалните медиуми, веројатноста од ново изборно фијаско околу наследникот на Душан Бајевиќ е многу извесна, бидејќи целата ситуација статутарно е многу комплицирана и апсурдна. ег/ссм/

Остани поврзан