• вторник, 19 ноември 2024

Фудбалер на Севиља заразен со коронавирус, тренинзите на тимот се суспендирани

Фудбалер на Севиља заразен со коронавирус, тренинзите на тимот се суспендирани
Севиља, 29 јули 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Севиља објави дека еден фудбалер е заразен со коронавирус. Клубот од Андалузија не го откри името на фудбалерот, но изјави дека нема симптоми и дека се чувствува добро во изолација во својата куќа. Резултатот од тестот беше откриен во понеделникот, кога беа известени надлежните, по што тренинзите на тимот беа суспендирани. Просториите на клубот беа дезинфицирани во согласност со протоколот за заштита од коронавирус. Севиља ќе игра против Рома во осминафиналето од Лигата на Европа на 6 август.

Тагови

Остани поврзан