• четврток, 26 март 2026

Фудбалерите на Челзи стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот

Фудбалерите на Челзи стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот

Лондон, 3 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Челзи се нервозни поради разделбата со главниот тренер Енцо Мареска, објавува „Атлетик“.

Многу играчи уживале во работата под водство на 45-годишниот Италијанец, а атмосферата во тимот била позитивна.

Играчите на Челзи сега стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот и на расположението во соблекувалната.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, „Сините“ од Лондон ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство. 

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан