• понеделник, 23 декември 2024

Фросина Ѓоргиева добитник на награда на светскиот натпревар „Постер на мирот“

Фросина Ѓоргиева добитник на награда на светскиот натпревар „Постер на мирот“
Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) - Фросина Ѓоргиева е добитник на „Merit“ наградата на светскиот натпревар „Постер на мирот“, организиран и спонзориран од Меѓународната Федерација на Лајонс клубови (LCI).
 
Како што информираат од Лајонс Дистрикт 132, на 35. натпревар, постерот на Ѓоргиева е избран меѓу 120-те најдобри постери во конкуренција на цртежи од околу 600.000 дечиња од повеќе од 60 држави, а како награда таа ќе добие 500 долари.
 
- Како Дистрикт 132 многу сме горди што нашата Ѓоргиева нѐ стави на мапата на LCI. Нејзиниот постер ја доби наградата во сериозна конкуренција. Таа учествуваше на овој натпревар кој во нашиот Дистрикт го организираше Даница Георгиевска, благодарение на ангажманот на Лајонс Kлуб Тиквеш Кавадарци и на претседателката Верка Јованова, кои се ангажираа училиштата од нивниот реон да учествуваат на натпреварот, рече Гоце Бурзевски, Гувернер на лајонс клубовите во Македонија, велат од Лајонс Дистрикт 132. ар/бак/
 

Остани поврзан