• петок, 22 ноември 2024

Фронтекс: Илегалните премини на границите на ЕУ достигнаа највисоко ниво од 2015 година

Фронтекс: Илегалните премини на границите на ЕУ достигнаа највисоко ниво од 2015 година

Рим, 15 ноември 2023 (МИА) – Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс денеска соопшти дека бројот на илегални премини на надворешните граници на Европската унија достигнал околу 331.600 во првите 10 месеци од годинава.

Ова е највисокиот вкупен број за периодот од 2015 година, при што централниот Медитеран останува најпрометната миграциска рута.

Агенцијата на ЕУ соопшти дека преку централномедитеранската рута, меѓу Северна Африка и Италија, во периодот од јануари до октомври пристигнале повеќе од 143.600 луѓе, што е највисок вкупен број во наведениот период за последните осум години. Фронтекс нагласи дека морските премини сè уште претставуваат рути со најекстремни опасности.

- Податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) покажуваат дека оваа година во Средоземното Море се пријавени 2.468 исчезнати лица, од кои повеќето пловеле по централномедитеранската рута, наведува агенцијата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан