• вторник, 24 декември 2024

Фрлен молотов коктел на Институтот „Роберт Кох“ во Берлин

Фрлен молотов коктел на Институтот „Роберт Кох“ во Берлин
Берлин, 25 октомври 2020 (МИА) - Неколку напаѓачи фрлија молотов коктел кон германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох“ во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата. Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во Институтот, кој ја советува Владата за мерките за јавно здравје за борба против пандемијата на коронавирусот, биле сведоци на нападот. „Напаѓачите, кои не се фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не е повреден“, се наведува во соопштението. Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран. паг/

Остани поврзан