• недела, 01 март 2026

Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово

Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово

Куманово, 1 март 2026 (МИА) - Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

- Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека се разгледуваат камерите и течноста ќе се носи на вештачење. ам/бак/

Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан