• четврток, 04 декември 2025

Фриц го совлада Зверев во финалето на турнирот во Штутгарт

Фриц го совлада Зверев во финалето на турнирот во Штутгарт

Штутгарт, 15 јуни 2025 (МИА) - Третиот светски тенисер, Германецот Александар Зверев, попладнево загуби од Американецот Тејлор Фриц во два сета во финалето на турнирот на трева во Штутгарт.

Мечот траеше 1 час и 27 минути и заврши со резултат 6:3, 7:6 (7:0) во корист на претставникот на САД, кој го зазема 7. место на АТП ранг-листата.

Во текот на натпреварот, Фриц сервираше 11 аса, не направи ниту една двојна грешка и реализираше еден брејк-поен од три шанси.

Зверев имаше шест аса, две двојни грешки и не заработи ниту една брејк-поен.

Дваесет и седумгодишниот Американец ја освои својата деветта титула во АТП поединечно и прва оваа сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан