Фред Керли најбрз на 100 метри на Светското првенство во атлетика
- Американецот Фред Керли го освои златото на 100 метри со 9,86 секунди на Светското првенство во атлетика во Јуџин, САД.

Јуџин, 17 јули 2022 (МИА) - Американецот Фред Керли го освои златото на 100 метри со 9,86 секунди на Светското првенство во атлетика во Јуџин, САД.
- Знам дека денес ми се отворија многу врати, иднината е светла за мене, рече Керли.
Тој беше подобар за две стотинки од неговиот сонародник Марвин Брејси, а Трејвон Бромел, исто така Американец, ја освои бронзата со 9,88.
Ова е прв пат некоја нација да ги освои сите три медали во светот на 100 метри од САД во 1991 година. ар/бак/