Фредериксен ја пофали отпорноста на граѓаните на Гренланд на американскиот притисок
- Данската премиерка Мете Фредериксен го пофали народот на Гренланд што покажал отпорност на големиот притисок што го врши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Копенхаген, 27 март 2025 (МИА) – Данската премиерка Мете Фредериксен го пофали народот на Гренланд што покажал отпорност на големиот притисок што го врши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Анкетите покажаа дека речиси сите жители на Гренланд се против припојување кон САД, а во последните недели демонстранти организираа некои од, како што се вели, најголемите протести досега видени на територијата на арктичкиот остров.
- Притисокот е голем, но токму во овие моменти покажувате кои сте навистина. Не сте се поколебале. Застанавте на своите вредности и покажавте за што се залагате. Тоа ја заслужува мојата длабока почит, напиша Фредериксен на Фејсбук, обраќајќи му се на народот на Гренланд. јт/
Фото: МИА архива