Фредериксен: Пораката од нашите пријатели во северните земји и Европа, и надвор од неа, е дека мора да има почитување на териториите и суверенитетот на државите
- Данската премиерка Мете Фредериксен денеска по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека политичките лидери во Европа и надвор од неа дале целосна поддршка за почитување на меѓународните граници.
Копенхаген, 28 јануари 2025 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен денеска по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека политичките лидери во Европа и надвор од неа дале целосна поддршка за почитување на меѓународните граници.
„Јасната порака од нашите пријатели во северните земји и Европа, и надвор од неа, е дека мора да има почитување на териториите и суверенитетот на државите. Тоа е од решавачко значење за меѓународната заедница што ја изградивме заедно од Втората светска војна наваму“, рече Фредериксен за ТВ2.
Коментарите на данската премиерка следат откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба да има контрола над Гренланд, кој е полуавтономна територија на Данска. рп/
Фото: МИА архива