• недела, 22 декември 2024

Француски сили убија најмалку 30 ммилитанти во Мали

Француски сили убија најмалку 30 ммилитанти во Мали
Париз, 7 февруари 2020 (МИА) - Француски војници убија вчера и денеска повеќе од 30 милитанти во Мали кои биле поврзани со ИД и со Ал Каеда, соопштија француските оружени сили. Франција има околу 4.500 војници распоредени во регионот, како дел од антитерористичката единица, Операсион Баркан. ОН во Мали имаат мировна мисија од околу 13.000 припадници. Во регионот Гурма во Мали, француски војници убиле околу 20 исламски милитанти и уништиле неколку нивни возила, додека во регионот Липтако, што е упориште на ИД загинаа уште 10 исламистички востаници. Во операциите биле вклучени дронови, борбени авиони и хеликоптери, соопшти француската војска. Француските сили убија 33 исламистички припадници во Мали во декември, недалеку од границата со Мавританија, каде што се активни активни групи поврзани со Ал Каеда. Франција неодамна објави дека ќе испрати уште 600 војници во регионот Сахел. зш/

Остани поврзан