• сабота, 21 декември 2024

Францускиот премиер Барние поднесе оставка по изгласаната недоверба во Парламентот

Францускиот премиер Барние поднесе оставка по изгласаната недоверба во Парламентот

Париз, 5 декември 2024 (МИА) - Францускиот премиер Мишел Барние денеска му ја врачи  својата оставка на претседателот на државата, Емануел Макрон.

Владата на Барние го загуби синоќешното гласање доверба во Националното собрание (долниот дом на Парламентот) со мнозинство од 331 глас.

Според соопштението од Елисејската палата, Макрон побарал Барние и неговата влада да продолжат со работа како привремена администрација додека не биде назначен нов премиер. ссм/

фото: архива

Остани поврзан