• петок, 15 ноември 2024

Францускиот амбасадор од Штип ја најави изградба на фотоволтаичната централа „Стипион“ на местото на Карго аеродромот

Францускиот амбасадор од Штип ја најави изградба на фотоволтаичната централа „Стипион“ на местото на Карго аеродромот

Штип, 27 октомври 2022 (МИА) - Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер при денешната посета на Штип ја најави изградбата на најголемата фотоволтаична централа „Стипион“ на локацијата каде што беше предвидена изградба на Карго-аеродромот, а е на територија на општините Свети Николе и Штип. Оваа фотоволтаична централа ќе биде најголема, не само во нашата земја, туку и на Балканот. Амбасадарот Бомгартнер истакна дека станува збор за инвестиција на француската компанија „Акио“, а техничките подготовки се при крај.

-Тој проект навистина е важен поради повеќе причини, затоа што во поглед на економската криза којашто постои во светски рамки Северна Македонија ќе ја зголеми својата енергетска независност. Но, исто така ќе помогне и брзо да напредува во зелени обновливи извори на  енергија и декарбонизација, и на крај ќе кажам дека тој проект ќе помогне и за економски развој градот и на општината, вели Бомгартнер.

Францускиот амабасдор истакна дека од страна на Општина Штип се е направено и подготвено за да стратува изградбата на фотоволтаичната централа „Стипион“.

-Но, сега основниот предизвик е носењето на специјален Закон за оваа стратешка инвестиција, којашто го подготвува Владата, а потоа треба да го изгласа Собранието, а којшто ќе ги предвиди сите оние поволности, што следат врз база на оваа стратетшка инвестиција и по донесувањето на Законот брзо ќе се потпише и договорот. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо, вели Бомгартнер.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека изградба на најголемиот соларен парк Стипион во Штип, зајакнување на соработката на Франција со Општина Штип како и изучување на франзускиот јазик во сите основни и средни училишта во градот беа дел од разговорите на денешната средба со амбасадорот на Франција.

-Во најава е и за кратко време се очекува да се случи најголемата инвестиција во енергетскиот сектор на територија на Општина Штип, тоа е француската инвестиција во изградба на соларниот парк Стипион и ќе значи многу за нас како град, пред сѐ заради зголемување на енергетскиот потенцијал. Разговаравме и за евроинтеграцискиот процес на Македонија кој очекуваме да биде забрзан, вели Јорданов.

По средбата францускиот амабасадор и штипскиот градоначалник ја посетија и локацијата, каде што ќе се гради соларниот парк. вдј/сст/

Остани поврзан