Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во посета на Општина Струмица
- Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов денеска го пречека и оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата држава Кристоф Ле Риголер, соопштија од Општината.

Струмица, 11 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов денеска го пречека и оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата држава Кристоф Ле Риголер, соопштија од Општината.
Како што информираа оттаму, на средбата разговарале за повеќе актуелни состојби во општината и државата.
-Акцентот беше ставен на функционирањето на Општина Струмица, предизвиците со коишто таа се соочува и како ги надминува, нејзините препознатливи заложби и визионерски политики како што е јавниот електричен превоз и урбаната мобилност, игнорантскиот однос на централната власт кон Струмица и нејзините граѓаните кој се отсликува преку незавршени и неподдржани проекти без објаснување, се наведува во информацијата од Општина Струмица.
Се додава дека градоначалникот Костадинов на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му ја потврдил европската визија и силната желба за интеграција во европското семејство, а двајцата ги поздравиле пријателските односи и желбата за продлабочување на соработката. рт/мд/
Фото: Општина Струмица