Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на Собранието
- Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе го посети Парламентот и ќе се сретне со генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе го посети Парламентот и ќе се сретне со генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.
Како што е објавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. мд/