• четврток, 26 март 2026

Француската полиција истражува серија киднапирања на богати луѓе кои работат со криптовалути

Француската полиција истражува серија киднапирања на богати луѓе кои работат со криптовалути

Париз, 4 мај 2025 (МИА) -  Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство во криптовалути откако киднапери му  отсекоа прст на еден од нив, барајќи неговиот син да плати откуп.

По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен доцна синоќа од куќа јужно од Париз. Бил киднапиран во четвртокот навечер.

Истражителите веруваат дека киднаперите немало да престанат да го повредуваат доколку тој не беше спасен. Полицијата привела пет лица кои биле во таа куќа и се на возраст од 20-на години. зш/

Остани поврзан