• четврток, 26 март 2026

Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица

Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица

Париз, 2 септември 2025 (МИА) – Француската полиција денеска во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица.

Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот на хотелот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Тој бил избркан од хотелот бидејќи не плаќал.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од полицијата, соопштија обвинителот Николас Бесон и локалната полиција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан