• недела, 22 декември 2024

Француската морнарица се подготвува за воени операции во услови на зголемен ризик од вооружен судир

Француската морнарица се подготвува за воени операции во услови на зголемен ризик од вооружен судир

Париз, 11 април 2024 (МИА) - Француската морнарица се подготвува за потенцијални воени операции во услови на зголемен ризик од вооружен судир, изјави командантот на француската борбена група носачи, адмирал Жак Малард.

Малард изјави за „Политико“ дека француската морнарица го префрла фокусот на обуката подалеку од полициските операции за да се подготви за војна против непријателите кои, како што рече, сакаат да ја уништат Франција и другите западни земји.

„Сега тренираме за други мисии, особено за она што го нарекуваме војување со висок интензитет“, рече Малар.

Малар истакна дека поморските битки стануваат се поверојатни.

Според него, имајќи предвид дека руската војна против Украина исто така се прелева во Црното Море и јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, немилосрдно напаѓаат воени бродови и комерцијални бродови во Црвеното Море, западните морнарици мора да се прилагодат на новото опкружување. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан