Француската државна секретарка за Европа во посета на Скопје
- Француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, денеска ќе престојува во посета на Скопје, каде ќе допатува од Тирана.
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, денеска ќе престојува во посета на Скопје, каде ќе допатува од Тирана.
Бун за време на посетата на земјава ќе биде премена од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. По средбата, Ковачевски и Бун ќе одржат заедничка прес-конференција.
Собраниската Прес-служба информира дека Бун во Собранието ќе има средба и со членовите на Националниот совет за евроинтеграции.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Бун посетата ја најави пред вчерашниот Министерски совет за надворешни работи на ЕУ, каде Западниот Балкан беше една од главните точки на дневен ред, при што нагласи дека нејзината порака до Скопје и Тирана ќе биде дека ќе се инсистира на носење и спроведување на реформите во областа на владеењето на правото. сп/нд/
Фото: ЕПА