• сабота, 16 ноември 2024

Француската Влада почна мобилизација на работниците во рафинериите

Француската Влада почна мобилизација на работниците во рафинериите
Париз, 12 октомври 2022 (МИА) - Француската Влада денеска почна да ги мобилизира работниците во складиштето за моторно гориво во францускиот огранок на „Ексон-Мобил“ (Exxon-Mobil) – „Есо“ (Esso), во обид да обезбеди бензинските пумпи низ целата земја да се снабдуваат со гориво за време на тринеделниот штрајк. За синдикатите таквиот потег е незаконски. Премиерката на Франција, Елизабет Борн побара од Собранието да ја покрене процедурата за мобилизација и се очекува таа наскоро да донесе слична одлука во однос на работниците од „Тотал груп“ (Total grup). Француските нафтени работници кои штрајкуваат гласаа за продолжување на нивната индустриска акција, што доведе до недостиг на горива на бензински пумпи низ целата држава. Според Синдикатите на левицата, кои стојат зад штрајковите, оценија дека Владата ќе ги искористи овластувањата за да ги принуди работниците. За тринеделниот штрајк затворени се шест од седумте француски рафинерии за нафта. ми/

Остани поврзан