• среда, 14 јануари 2026

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд

Париз, 14 јануари 2026 (МИА) - Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа е планирано уште минатата година, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.

Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд.

- Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане - посочи Баро за „РТЛ радио“. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан