• четврток, 20 март 2025

Франција ќе инвестира 1,7 милијарди евра во нејзина одбрана

Франција ќе инвестира 1,7 милијарди евра во нејзина одбрана

Париз, 20 март 2025 (МИА) - Француските државни инвеститори ќе придонесат со 1,7 милијарди евра за зајакнување на капиталот на одбранбените компании, соопшти денеска министерот за економија Ерик Ломбард.

„Државните инвеститори ќе инвестираат капитал од 1,7 милијарди евра, што, благодарение на заедничките инвестиции со приватни инвеститори, ќе ни овозможи да инвестираме до 5 милијарди евра дополнителен капитал за поддршка на секторот“, рече Ломбард, наотворањето на конференција во Париз на која се собраа инвеститорите и производителите на одбранбени производи за да разговараат за финансирање на секторот.

Ломбард додаде дека е „одговорно“ да се инвестира во одбранбениот сектор. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан