• петок, 04 октомври 2024

Франција ќе екстрадира лидер на ЕТА во Шпанија

Франција ќе екстрадира лидер на ЕТА во Шпанија
Мадрид, 30 септември 2020 (МИА) - Франција денеска одлучи да го екстрадира во Шпанија лидерот на поранешната баскиска сепаратистичка група ЕТА, Хозе Антонио Урутикоех (69), обвинет дека ја финансирал оружената група преку кафулиња во кои се собирале заговорници за независност на Баскија. Тој е осуден и за издавање наредба за бомбашки напад врз гарнизон на шпанската цивилна гарда во 1978 година во Сарагоса, кога загинале 11 лица, а 88 биле повредени. Се смета и дека Урутикоех во мај 2018 година, по објавата за распуштање на ЕТА, бил еден од нејзините последни лидери, а голем број припадници на организацијата се криеле во францускиот дел на Баскија, а извршувале операции во Шпанија. Судот во Париз соопшти денеска дека Урутикоех, познат и под името Хозе Тернер може во следните три дена да поднесе жалба на одлуката за екстрадиција. гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан