Франција ја потврди поддршката за суверенитетот на Данска и Гренланд
- Франција ја потврди поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го заземе Гренланд.
Париз, 5 јануари 2026 (МИА) – Франција ја потврди поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го заземе Гренланд.
Одговарајќи на прашање за реакцијата на Франција, портпаролот на Министерството за надворешни работи Паскал Конфаврјо за телевизијата ТФ1 еден изјави дека „Франција е солидарна со Данска“.
- Гренланд им припаѓа на народот на Гренланд и на народот на Данска. Тие треба да одлучат што сакаат да прават. Границите не можат да се менуваат со сила, нагласи тој.
Трамп во телефонско интервју за „Атлантик“ вчера изјави дека „Гренланд безусловно им е потребен на САД“.
- Потребен ни е за одбрана, рече Трамп.
Претходно, лидерите на Данска и Гренланд исто така го повикаа Трамп да престане да се заканува дека ќе го заземе арктичкиот остров, кој е автономна територија на Данска. јт/сд/
Фото: МИА архива