• понеделник, 23 декември 2024

Франција распоредува безбедносни сили пред секоја црква за Велигден

Франција распоредува безбедносни сили пред секоја црква за Велигден

Париз, 28 март 2024 (МИА) - Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен денеска им нареди на полициските началници да распоредат безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.

Во СМС порака до полициските началници, Дарманен напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „континуираната тензија“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „потребна е исклучителна будност“ за време на велигденските празници овој викенд.

Тој, исто така, додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верски објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големи собири“.

Дарманен даде инструкција за „зголемено физичко присуство на редот пред секоја црква или (еврејски) храм“ од петок до крајот на неделата.

Од почетокот на годината во Франција се спречени два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека еден од овие напади вклучува „џихадистичка идеологија“ насочена против католичка институција.

Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан