• среда, 22 јануари 2025

Франција прогласи ден на жалост за жртвите од циклонот „Чидо“ на архипелагот Мајот

Франција прогласи ден на жалост за жртвите од циклонот „Чидо“ на архипелагот Мајот

Париз, 19 декември 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи 23 декември за Ден на национална жалост за жртвите од катастрофалниот циклон „Чидо“ кој го опустоши архипелагот Мајот во Индискиот Океан.

„Споделуваме длабока тага со жителите на Мајот. Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а во 11 часот ги повикуваме сите Французи да оддадат почит на загинатите,“ изјави Макрон при посетата на архипелагот.

Франција побара итна помош преку европскиот механизам за цивилна заштита, вклучувајќи 10.000 шатори и објекти за привремено сместување на погодените.

Макрон најави дека ќе остане на архипелагот за подобро да ја разбере ситуацијата, а утре ќе посети делови од архипелагот.

Според првичните податоци, официјално се регистрирани 31 загинат и околу 1.400 повредени, но властите стравуваат од многу посериозни последици, бидејќи 70 отсто од населението е сериозно погодено. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан