• недела, 22 декември 2024

Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија „без одлагање“

Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија „без одлагање“
Париз, 27 февруари 2022 (МИА) -    Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача“ на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање“, по одлуката на Европската унија да им забрани на руските и белоруските авиокомпании од европскиот воздушен простор. Слично ажурирање на веб-страницатаденеска „формално го обесхрабрува“ какви било патување во Белорусија. Министерството соопшти дека „повеќето европски авиокомпании, вклучително и Ер Франс“ ги суспендираа линиите кон и над Русија почнувајќи од денеска навечер поради затворањето на нејзиниот воздушен простор на ЕУ за руските авиони и авиокомпании. Поради зголемените ограничувања, француското Министерство за надворешни работи препорача Французите „кои минуваат низ Русија (туристи, посетители, студенти, професионалци на работни патувања) да направат аранжмани да ја напуштат земјата без одлагање преку постоечките воздушни врски“.„Исто така, препорачливо е да се одложи секое патување во Русија“. зш/

Остани поврзан