• недела, 22 декември 2024

Франција го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан

Франција го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан

Белград, 30 септември 2023 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан и наведе дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Белград.

Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги, пишува РТК лајв.

„Специјалниот пратеник ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги. Исто така тој ќе ги следи и иницијативите за регионална соработка, особено Берлинскиот процес“, се наведува меѓу другото во соопштението.

Ова го соопшти самиот новоименуваниот дипломат Рене Троказ во објава на платформата „Х“.

„Од денеска сум назначен за специјален пратеник за Балканот (од Министерството за надворешни работи). Назначен е специјален пратеник за Балканот“, напиша Троказ. об/сд/

Остани поврзан