• понеделник, 23 декември 2024

Франција го враќа амбасадорот во Австралија

Франција го враќа амбасадорот во Австралија
Париз, 6 октомври 2021 (МИА) - Франција соопшти дека нејзиниот амбасадор во Австралија ќе се врати на функцијата, со што ќе заврши дипломатскиот протест против одлуката на Канбера да го откаже договорот за купување француски подморници. Франција го отповика својот амбасадор во Австралија на 17 септември. Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан денеска во Парламентот изјави дека побарал „амбасадорот да се врати во Канбера со две цели: да помогне во дефинирањето на односите со Австралија во иднина и цврсто да го брани француските интереси при спроведување на одлуката на Австралија за суспендирање на програмата за подморници“. ми/   /

Остани поврзан