• петок, 05 декември 2025

Франција без Лесор на Евробаскет 2025

Франција без Лесор на Евробаскет 2025

Париз, 13.јули 2025 (МИА) - Кошаркарската федерација на Франција соопшти дека Матијас Лесор нема да биде на располагање на селекторот Фредерик Футо, иако се наоѓа на поширокиот список на играчи за Евробаскет 2025. Лесор во изминатава сезона имаше скршеница на потколеницата и се врати во финишот на сезоната. Од таа причина сака да има повеќе одмор во пресрет на новата клупска сезона.

Инаку, одлуката е донесена заеднички, за Лесор да нема дополнителни напори. Замена за Лесор ќе биде центарот на Турк Телеком Жоан Макуду. 

Отсуството на Лесор, играчот на Панатинаикос е сериозен удар на центарската линија на „триколорите“ особено што на таа позиција ќе ги нема Виктор Вембањама и Руди Гобер. Покрај овие тројца нема да игра ниту Еван Фурние.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан