• четврток, 04 декември 2025

Форца победнички стартуваше во квалификациите во Лигата на шампиони во футсал

Форца победнички стартуваше во квалификациите во Лигата на шампиони во футсал

 

Куманово, 27 август 2025 (МИА) – Македонскиот првак во футсал Форца со победа ги почна квалификациите во Лигата на шампиони, откако вечерва во Куманово триумфираше над Енкамп од Андора со 4-0 во воведниот натпревар од групата А.

Форца до победата пред своите гледачи во спортската сала во Куманово дојде со головите на Берат Рамадани (13), Линарес (31) и Јакуп Рамадани (34, 40).

Во првиот натпревар од денешната програма, Мурата од Сан Марино го совлада ерменскиот првак Ереван со 3-1.

Во терминот од 20:30 часот утревечер противник на Форца ќе биде Мурата, додека в сабота, во завршното коло, кумановскиот состав ќе игра против Ереван.

Пласман во главната квалификациска рунда ќе обезбеди само првопласираната екипа.ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан