• петок, 05 декември 2025

Форца на домашен терен во Куманово стартува во Лигата на шампиони ви футсал

Форца на домашен терен во Куманово стартува во Лигата на шампиони ви футсал


Куманово, 27 август 2025 (МИА) – Македонскиот првак Форца денеска пред своите гледачи во Куманово ги стартува квалификациите во Лигата на шампиони во футсал.
Форца во воведниот натпревар од групата А вечерва со почеток во 20:30 часот во спортската сала во Куманово ќе го пречека шампионот на Андора, Енкамп.
Во истиот термин утре противник на Форца ќе биде Мурата од Сан Марино, додека в сабота, во завршното коло, кумановскиот состав ќе игра против шампионот на Ерменија, Ереван.
Пласман во главната квалификациска рунда ќе обезбеди само првопласираната екипа.ег
ФОТО: ФК Форца/Фејсбук

Остани поврзан