• четврток, 02 мај 2024

Форум „Кина и Западниот Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“

Форум „Кина и Западниот Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Форумот насловен „Кина и Западниот Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“ ќе се одржи денеска во Скопје во органзиација на Албанскиот институт за изучување на глобализацијата од Тирана и Центарот за глобални промени на Филозофскиот факултет во Скопје.

На настанот воведно обраќање ќе има кинескиот амбасадор во земјава Жанг Ѕуо, а на форумот ќе дебатираат претставници од академската заедница, невладиниот сектор и новинари.

Ова е настан на кој првпат пред македонската јавност ќе биде претставен новиот Центар за глобални промени, којшто е основан оваа година на Филозофскиот факултет во Скопје. вг/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан