• петок, 05 декември 2025

Форум за социјални претприемачи

Форум за социјални претприемачи

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) организираат форум за социјални претприемачи.

Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).

На форумот ќе учествуваат претставници на институции, граѓански организации, приватниот сектор и млади социјални претприемачи.

Главната цел на настанот е да се поттикне соработката за развој на социјалното претприемништво како поттик за вработување на младите, јакнење на заедницата и подобрување на регионалната соработка преку меѓукултурен дијалог. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан