Форум за заштита на македонски идентитет на Универзитетот Скопје
- Форум за заштита на македонски идентитет ќе се одржи денеска на Универзитетот Скопје. Како што посочуваат организаторите, на Форумот ќе учествгуваат лица од политичкиот, дипломатскиот, економскиот и културниот живот во државата.

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Форум за заштита на македонски идентитет ќе се одржи денеска на Универзитетот Скопје. Како што посочуваат организаторите, на Форумот ќе учествгуваат лица од политичкиот, дипломатскиот, економскиот и културниот живот во државата.
Меѓу најавените се и ректорот на Универзитетот Скопје, професор доктор Аце Миленковски, поглаварот на МПЦ - ОА - г.г. Стефан, претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Форумот е организиран во три панел - дискусии, учесниците ќе дебатираат во кој правец се движи Македонија на економски и на политички план и дали го заштитивме доволно идентитетот. бд/са/
Фото: Универзитет Скопје