Формула 1 претстави болид дизајниран според новите правила од 2022 година
- Формула 1 официјално претстави нов болид, конструиран според правилата на новите технички прописи со важност од 2022 година. Забележано е дека автомобилот има поедноставена аеродинамика. Ова

Лондон, 15 јули 2021 (МИА) - Формула 1 официјално претстави нов болид, конструиран според правилата на новите технички прописи со важност од 2022 година. Болидот има поедноставена аеродинамика. Ова треба да ја подобри ситуацијата со претекнување.
- Следната година во Формула 1 започнува ново возбудливо поглавје, со стапување на сила на радикален нов пакет правила за да се обезбедат уште поспектакуларни трки, се вели во соопштението на прес-службата.
Презентацијата се одржа во Силверстоун, каде претстојниот викенд ќе се одржи трката за Големата награда на Велика Британија. зс/
