• вторник, 14 мај 2024

Формула 1: Перез нов клупски колега на Верстапен во тимот на Ред Бул

Формула 1: Перез нов клупски колега на Верстапен во тимот на Ред Бул
Лондон, 18 декември 2020 (МИА) - Серхио Перез потпиша договор со Формула 1 тимот на Ред Бул и во следната сезона, ќе му биде клупски колега на Макс Верстапен, се наведува во денешното официјално соопштение. Мексиканецот имаше важечки договор со тимот на Рејсинг Поинт до крајот на 2022 година, но двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, откако на негово место дојде четирикратниот светски првак Себастијан Фетел. - Можноста да возам за тим со шампионски амбиции е нешто што го посакував уште од мојот прв ден во Формула 1, изјави попладнево Перез, по официјалниот трансфер во Ред Бул. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан