• среда, 04 декември 2024

Формиран Управувачки совет на Алијанса за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа

Формиран Управувачки совет на Алијанса за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа

Битола, 2 декември 2024 (МИА) - Регионалните стопански комори од Битола и Прилеп денеска одржаа конститутивната седница на Управувачкиот совет на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа.

Формирањето на Алијанса е со цел да се обединат и заеднички да дејствуваат клучните регионални и национални чинители во процесот на добивање, процесирање и испорака на брендирана храна со географско потекло од Пелагонија – Преспа регионот, како носечки регион во државата во производството на храна.

- Во првата фаза од развојот на проектот, целна група ќе бидат компаниите и индивидуалните производители кои веќе имаат практика во оваа област како што се ЗК Пелагонија и Вемилк од Битола, Витамника, Бимфуд и Кривогаштани промет од Прилеп, Агрогроуп Фреш-Цапари, РЕС-КОМ, Агрополод Аграр од Ресен, КРОНОС-Демир Хисар и други. Во втората фаза, непосредно по првата ќе бидат вклучени компаниите добавувачи на компаниите од првата фаза, идентификувани со мапирање на мрежите на добавувачи, соопштија основачите на Алијансата за природна и здрава храна од Пелагонија и Преспа.

Во оваа Алијанса, освен компаниите учеснички во овој процес се вклучени и претставници на надлежни клучни учесници, како што се Регионалните стопански комори Битола и Прилеп како претставници на непосредните учесници во продукцијата на храна од регионот, Советот на Пелагонискиот плански регион како претставник на локалната власт надлежен за локалниот економски развој, Националните паркови Пелистер и Галичица, како претставници на пошироката еко-средина, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како државна институција надлежна за испорака на советодавни услуги и стручна поддршка на земјоделските стопанства и учесниците во примарното производство на храна, како и високообразовните установи од регионот кои испорачуваат образовни и истражувачки услуги во областа на процесот и организацијата на производство на храна Институтот за менаџмент Битола – Бизнис Академија Смилевски – БАС, соодветните факултети на УКЛО и Славјанскиот универзитет „Св. Никола“ и Македонското научно друштво Битола. мт/цр

Фото: БАС-Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан